СЛОУ ФУД ОГРАЖДЕН СО РЕАКЦИЈА: СТОП ЗА ВАЛКАЊЕ НА ИМЕТО СЛОУ ФУД ОГРАЖДЕН ОД СТРАНА НА СЛОУ ФУД МАКЕДОНИЈА!

јули 22, 2021

Во денешниот пост објавен на ФБ страната на Slow Food Macedonia, на најгруб начин е нарушен угледот и достоинството на нашата организација Слоу Фуд Огражден, кои веќе 8 години чесно и достоинствено членовите на нашето здружение волонтерски го градат.

Но, да почнеме со ред.

1. Администраторите, претпоставуваме со знаење на законскиот застапник на Slow Food Macedonia, здружението Слоу Фуд Огражден го нарекувааат „наводно“ иако оваа здружение си е легално регистрирано со матичен и даночен број, кое уредно согласно позитивните законски прпоси си уплаќа данок во државната каса, согласно активностите кои ги има.
2. Потврдуваме дека нашиот конвивиум (локална заедница) беше дел од интернационалната организација Slow Food до јануари 2018, кога заради тоа што нашето членство и Управниот Одбор не сакаше да спроведува странска рурална политика, (седиштето на Slow Food International e во Бра, Италија) туку сакаше да спроведува наша, македонска, огражденска се одвои од организацијата Slow Food International, но си го задржа името со кое е заведено во Централен Регистер.

3. Со излегување од оваа интернационална организација, а со цел да си гради свој имиџ и да се гради како бренд (што и е всушност) нашата организација Здружение Слоу Фуд Огражден од Босилово, го промени и логото (на 24. 01.2018 година на нашата ФБ страна беше објавено нашето лого. Истото за некое време беше конечно трансформирано во зелено ливче, а името на организацијата во англиска транскрипција стана Association Slou Fud Ograzden). (Види прилог 1)
4. Slow Food Macedonia не обвинува за законски прекршувања бидејќи името Slow Food Macedonia било заштитетено со Решение број 10-1361/7-2018 TM/2018/352 од 2018 година. ЗНАЧИ ВО 2018 ГОДИНА.
Нашето организација Слоу Фуд Огражден (Association Slou Fud Ograzden) во Централен регистер е регистрирано на 03.01.2014. ЗНАЧИ ВО 2014 ГОДИНА. Здружението Слоу Фуд Огражден е регистрирано во Централен Регистер 4 години пред да се регистрира Слоу Фуд Македонија, а раководниот тим на оваа организација не обвинува за злоупотреба на „нивното“ име. (Види прилог 2)
Кај бе така пријатели со такви изјави?!

Ај едно што сме 4 години регистрирани пред вас, туку и тоа што двете имиња и логоа се разликуваат во многу сегменти, односно, јасна е дистинкцијата помеѓу овие две организации.
5. Раководството на Slow Food Macedonia, го обвинува Sasho Popovski дека во оваа „злоупотреба“ бил воден најверојатно од лични интереси и дека тоа лице „се претставува како нејзин претседател“.Slow Food Macedonia, тоа лице не се води од лични интереси туку од интересите на локалната заедница. Да, се претставува затоа што Е нејзин претседател и законски застапник.

6. Раководниот тим изјавува дека Association Slou Fud Ograzden нема никакви контакти со луѓето од Slow Food Macedonia, ниту пак имаат потреба.
7. Нашата организација во својот Статут, кој го промени веднаш по излегувањето од Slow Food International јасно ја зацрта својата мисија, визија и своите програмски цели кои немаат ни приближно иста точка со оние кои ги спроведува Slow Food Macedonia како организација која спроведува туѓа рурална политика.
8. Се оградуваме од сите активности кои ги спроведува и имплементира Slow Food Macedonia.

Заради погоре даденото објаснување, препорачуваме адвокатите на Slow Food Macedonia да подготват и добра одбрана за лагите, претпоставките и инсинуациите кои беа изнесени во објавата на ФБ страната на Slow Food Macedonia, затоа што од страна на нашиот адвокатски тим ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежните институции ЗАРАДИ ВАЛКАЊЕ НА ИМЕТО СЛОУ ФУД ОГРАЖДЕН.

ДАЛИ ЌЕ ИМА РУДНИК ИЛИ НЕ, НЕ ОДЛУЧУВААТ НИТУ ASSOCIATION SLOU FUD OGRAZDEN НИТУ SLOW FOOD MACEDONIA, ТУКУ НАДЛЕЖНИТЕ МИНИСТЕРСТВА, СУДОВИ И ДРУГИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ.
П.С. Исто така, ја известуваме јавноста дека со цел подигнување на женското претприемништво, веќе е во тек доставата на третата донација на земјоделска механизација на 25 жени фармери претприемачи.

П.П.С Ја известуваме јавноста дека Здружението Слоу Фуд Огражден деновиве поднесе апликација до компанијата Еуромакс Ресурси за одобрување на средства за 12 млади луѓе кои веќе имаат започната некој свој бизнис, а на кој им е потребна почетна поддршка во опрема, алатки, машини за својот мини бизнис (работилници за метални производи, за мебел, пвц столарија….)

Здружението Слоу Фуд Огражден е локален бренд кој спроведува локална политика, согласно потребите на локалното население и нема да застане во тоа.
Со другарски поздрав до нашите членови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: