СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ ЛАНСИРАНО НАЈМОЌНОТО ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО ДОСЕГА – ВИЗИОНЕРОТ ИЛОН МАСК НА ЧЕКОР ДО МАРС!

јануари 15, 2023

После повеќе одложувања изгледа дека се ближи денот кога најголемото и нaјмоќното вселенско летало досега ќе полета во орбитата. Според Илон Маск, тоа треба да биде на крајот на наредниот месец или во март, при што треба да напоменеме дека тој историски лет се најавува повеќе од една година, а уште не е реализиран.

Дека се ближи лансирањето покажува видеото кое го објавија на профилот на SpaceX на Twitter, а го прикажува ракетниот систем на лансирната рампа во Бока Чија во Тексас. Самиот систем се состои од два дела – потисникот Super Heavy i леталото Starship, со вкупна висина од скоро 120 метри и со дупло посилен потисок од ракетите со кои луѓето летале на Месечината во 60-тите и 70-тите години од минатиот век.

Starship се смета за еден од клучните ракетни системи за идната генерација вселенски патувања и истражувања затоа што токму со оваа ракета и летало астронаутите во иднина може да ја освојат не само Месечината, туку и она што е желбата на Маск – Марс.

Но, дотогаш ќе помине доста време и пред тие мисии и а бројни и големи предизвици. Првиот таков предизвика да се покаже дека Starship ез проблеми може да одлета во орбитата. Информациите дека тоа ќе се случи на крајот на февруари март Маск ги објави на Twitter.

И двата дела од ракетниот систем се дизајнирани за повеќекратно користење. Значи кога ќе полета, треба неоштетено да се спушти на Земјата за да може да се користи за идни полетувања.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ