Шарени чоколадни медалјони, идеални за празничната трпеза

април 6, 2023

За овој рецепт ви се потребни малку состојки и многу имагинација. Чоколадните медалјони се прават лесно и брзо, а имате можност да ја покажете вашата умешност за декорирање на дело.

Потребни состојки:

  • 200g квалитетно чоколадо по желба (млечно, темно или бело)
  • Додатоци по избор: кокос, суво овошје од типот на – брусница, аронија, гоџи бобинки, вишни; кандирано овошје, сечкани бадеми, лешници, ореви, ф’стаци…

Начин на подготовка:

  • Стопете го чоколадото на пареа.
  • Врз хартија за печење со помош на лажица направете кругови со големина на паричка.
  • Врз секоја од нив, ставете додатоци по ваш избор и нежно притиснете.  Овој дел е многу забавен, па целото семејство може да се вклучи во украсувањето на медалјоните, секој по свој избор.
  • Оставете ги добро да се оладат во фрижидерот и послужете.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ