СЕКОЕ ДЕТЕ ДОБИ ПО 4 КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА – ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО СТРУМИЦА ОПФАТЕНИ СО КАМПАЊАТА „ЗДРАВА УЖИНКА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“

декември 13, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

И основните училишта од Струмица се опфатени со кампањата „Здрава ужинка за секое дете“.

Секој ученик добива по 4 килограми јаболка со што се поттикнуваат на здрави навики во исхраната.

Овој проект го реализира Министерството за земјоделство, а целта е да се зголеми потрошувачката на овошје во државата.

Му благодариме на министерот Љупчо Николовски на грижата за здравјето на нашите ученици од основните училишта.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: