СЕКАДЕ СО МАКЕДОНИЈА: СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАСИЛИЈ ДЕНОВИВЕ ВО ВИЕНА ЌЕ ПРОДАВА МАКЕДОНСКИ ЗНАМИЊА, КАПИ, ШАЛОВИ И ДРЕСОВИ!

јануари 10, 2020

Василиј кој со огромна љубов ја шири Македонската вистина и историја насекаде низ светот, деновиве во Виена каде се одвива ракометното лудило ќе продава македонски знамиња, капи, дресови, шалови и тн. Како што вели Василиј за Струмица Денес, реквизитите се по навистина достапна цена за секого бидејќи се со љубов за нашата МАКЕДОНИЈА!

„Сакам МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој доаѓа од секаде да биде обоен со нашата препознатлива црвено-жолта боја.“ – вели тој.

Сите оние кои сакаат да го посетат Василиј, тој се наоѓа веднаш до спортската сала во која Македонија ќе ги одигра трите натпревари деновиве. Во моментот таму се наоѓаат околу 3.000 македонски навивачи а се очекува бројката да се зголемува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ