Сеир, злоба и говор на омраза на социјалните мрежи за време на пожарот во Струмица – совесните граѓани остро реагираат!

јануари 3, 2021

,,Арам пари“, ,,ГоспоТ(д) гледа“, ,,Божја правда“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи под текстовите кои известуваат за големиот пожар кој доцна синоќа го зафати трговскиот центар Глобал во Струмица.

Некои струмичани на своите ФБ профили реагира за начинот на кој се однесувале дел од жителите на овој град, кои со раце во џебот или со мобилните во раце, снимале и гледале сеир или се сителе за пожарот.

Пожарот утрината е локализиран, но материјалната штета е огромна.

Од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: