СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО 50.000 ГОДИНИ: Спектакл на небото, комета од времето на неандерталците ќе ја посети земјата повторно!

јануари 8, 2023

Кометата што последен пат поминала покрај земјата во времето кога неандерталците оделе по неа, како праисториски луѓе, ќе го направи тоа повторно на 1 февруари оваа година! Станува збор за кометата „Ц/2022 Е3 /ЗТФ/“, која била во „соседството“ пред 50.000 години.

На почетокот на февруари покрај Земјата ќе помине на растојание од 41,8 милион километри. Моментално е оддалечена од Земјата околу 178 милиони километри. Иако е доста стара за човечкото мерење на времето, кометата беше официјално откриена дури во март минатата година.

Научниците наведуваат дека кометата има зелена боја и жолта опашка составена од прав, пренесува „Дејли меил“.

Астрономите истакнуваат дека кога кометата ќе помине покрај Земјата ќе биде видлива со голо око, под услов временските услови на 1 февруари да го дозволат тоа.

Последната комета што беше видлива со голо око беше „Новис“, која во јули лани воодушеви многу љубители на астрономијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: