СЕ ОГЛАСИ ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА КРУЖНИОТ ТЕК: ЗАМОЛУВАМЕ ЗА ТРПЕНИЕ, ПРОЕКТОТ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ЗАВРШИ!

јули 19, 2021

Заради големиот број на реакции од страна на јавноста, а како транспарентна и отчетна Општина го даваме следното објаснување за потребата за изградба на крстосница со такво сообраќајно решение.

Прво, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.

Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите надлежни институции и стручни лица.

Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинов“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно извршени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во многу поголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот.

Ја замолуваме јавноста за трпение проектот целосно да се заврши, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.

Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради големиот број на сообраќајни несреќи и загушувања кои постојат на таа крстосница за што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ