Home

Perdormire
Политика Струмица

СЕ ОГЛАСИ И ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Работиме со сојузниците во утврдување на фактите за ситуацијата во Полска!

Home

Премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство до неговиот полски колега, Матеуш Моравецки и полскиот народ за загубата на животи во експлозијата во близина на украинската граница.

„Ова е време да бидеме уште порешителни во нашата основна задача – да ја одржуваме територијата на НАТО безбедна и сигурна. Работиме заедно со сојузниците за да се соберат сите факти за овој трагичен настан“, вели Ковачевски.