strumica denes logo

СЕ БАРАЛО ФИРМА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ, ЗАТОА НЕМАЛО УЧЕБНИЦИ – ШАЌИРИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕД ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ!

Автор:

Датум:

септември 1, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 1, 2022

Категории:

Струмица

Постои надеж дека учениците од прво, второ, четврто и од петто одделние во основните училишта ќе добијат учебници пред второто полугодие. На стартот од учебната година, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, посочи дека уште не е избрана фирма која ќе ги печати.

Министерот одговорот сметаше дека новинарското прашање за одговорноста што ова не е направено пред почетокот на годината, е тенденциозно.

– Кога ќе поставите друг пат прашање, ќе треба да знаете и одговор. Не е избран економскиот оператор. До учениците се доставени учебници и материјали. Тоа значи дека учениците кои учат оваа година, во брз рок ги имаат добиено учебниците за 6,7,8 и 9-то одделение. За децата (од прво до петто одделение) да немаат товар во нивниот фамилијарен буџет, има подготвителни материјали кои се доставуваат навремено. Некаде се доставени, некаде ќе бидат доставени – посочи Шаќири.

Тој посочи дека постапката за печатење на книгите за четири предмети, кои сега ги нема, меѓу кои се и за македонски јазик и математика, е започната навреме. За материјалите кои се делат на учениците, а треба во првото полугодие да ги заменат ученибиците.

– Материјалот е подготвен според учебната програма – додаде Шаќири.