РОДИТЕЛИ ДО СТРУМИЦА ДЕНЕС: НАСТАВНИКОТ ЛАЗЕ ТЕНЕЏИКОВ НА НАШИТЕ ДЕЦА ДЕНЕСКА ИМ ИСПРАТИ ПАПКА СО МАТЕРИЈАЛ, ВО ПАПКАТА НА СЕКОЕ ДЕТЕ ИМАШЕ И ЧОКОЛАДО!

април 3, 2020

Родители до редакцијата на Струмица Денес:

Здраво Струмица Денес, сакаме да внесеме и малку светлина во цела оваа ситуација и да ви кажам за еден прекрасен гест од страна на еден наставник сега во оваа вонредна ситуација кога училиштата се затворени, а ние родителите заедно со децата следиме настава онлајн настава, пишуваме, вежбаме и плус нашиот наставник Лазе Тенеџиков изработува материјали и ги доставува до децата од одделението, со цел повеќе да вежбаат.

Денеска бевме сите пријатно изненадени кога наставникот ги зема старите папки и донесе нови папки со материјали и кога моето дете ја отвори својата папка насмевката на неговото лице беше неопишлива… внатре имаше и чоколадо како и во папките на останатите деца од одделениет, моето дете се насмевна и рече дека учителот не ги заборавил, тој истото го правел и кога оделе на училиште, за секоја добро сработена работа тој нив ги наградувал.

Како родители сакаме да го поддржиме наставникот да продолжи да си ја работи својата работа која ја работи внимателно со многу труд и љубов кон секое дете. Сакаме да му се заблагодариме за вниманието кое им го посветува на нашите деца и прави училиштето да не биде само едно досадно одење во некоја установа, туку да биде мотивација за нешто ново убаво и корисно! Ти благодариме наставниче од се’ срце, такви луѓе им требат на сите деца!

Инаку, Лазе Тенеџиков е наставник во ООУ „Видое Подгорец“ во Колешино. Сепак херои постојат и во денешно време. Браво Лазе!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ