РЕЦЕПТ ЗА ЗДРАВО И ВКУСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Потпечена брокула со растопен кашкавал

март 1, 2023

Потребни состојки:

  1. 200g рендан кашкавал
  2. 2-3 помали главици брокула
  3. 1 лажица лук во прав
  4. Сол и бибер по вкус
  5. Маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190°С.
  2. Измијте ја брокулата и исечкајте ја на помали цветови.
  3. Ставете ја брокулата во сад, прелијте многу малку масло, ставете ги зачините и измешајте.
  4. Наредете ја брокулата на тава за печење и преку неа ставете рендан кашкавал.
  5. Печете 25 минути, додека брокулата не се запече, а кашкавалот не се растопи и подзапече.
  6. Послужете топло како предјадење.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ