Рецепт за триаголници со праз и сирење

април 22, 2023

ЗА ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ ЗАСЛЕДЕ ГО ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ @brzi.i.vkusni.recepti

Потребни состојки:

– готови кори 500гр
– праз
– сирење
– кисела вода 100мл
– масло 100мл
– јогурт 200мл 🥛
– 1 прашок за пециво
– 1 јајце 🥚
– зачини: црн пипер, чили, сусам и ким по желба 🧂

Начин на подготовка:

🔪 Празот сечете го и запржете го малку на масло за готвење.
🥄 Потоа во него додадете го надробеното сирење, црниот пипер и чилито и промешајте да се соединат.
🥣 Во посебен сад додајте ги маслото, киселата вода, јогуртот, пецивото и јајцето и размешајте со маталка.
🫓 Корите една по една преклопете ги како на видеото и мачкајте ги од течната смеса, а потоа додадете по една лажица од филот и мотајте во триаголници.
🧂 Готовите триаголници премачкајте ги уште еднаш од смесата, наросете сусам и ким (по желба) и печете 20тина минути на 180 степени.

П.С. доколку сте љубители на ајвар може да го употребите исто така како фил за триаголниците.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ