Рецепт за свински врат во сос од пиво – рецепт на „Балкан Твист“

мај 16, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

Потребни состојки:
– свински врат
– пиперка 🫑
– морков 🥕
– кромид 🧅
– лук 🧄
– пиво 🍺
– брашно
– сол, црн пипер, ловоров лист 🧂
– говедска коцка за супа
– сенф

Начин на подготовка:
🥩 Парчињата свински врат увалете ги во брашно и пропржете во тава со загреано масло.
🔪 Зеленчукот насечкајте го на ситни коцки и пропржете во садот во кој се пржеше вратот.
🍺Откако ќе се пропржат, додадете лименка пиво и лажичка сенф и вратете ги парчињата свински врат.
🍲 Налејте со бујон од говедска коцка за супа, неколку листови ловоров лист и оставете околу 5 минути да се крчка.
🕚 Потоа, ставете во фурна да се пече на 250 степени околу еден час или во зависност од фурната.
🥘 Откако ќе се испече, извадете го вратот а сосот ставете го на рингла и испасирајте. Додадете коцка путер и оставете 2-3 мин да се соедини и згусне.
🍽️ За гарнир ние одбравме рижото со зеленчук.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ