strumica denes logo

Рецепт за посен грав, готов за 15 минути наместо 2 часа

Автор:

Датум:

март 14, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

март 14, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Гравчето е едно омилените македонски јадења за време на постите, а наша инфлуенсерка споделува рецепт со кој ќе го подготвите за 15-тина минути.

Нашата инстаграмџика Елена Каракашов на својот Инстаграм профил „po moj vkus“ објави рецепт за брзо посно гравче, што може да ви се најде ако сакате да најдете нов начин за подготовка на омиленото македонско јадење, што во голем број домови сѐ уште е задолжителен оброк за време на постите.

Во маркетите и продавниците има сварено гравче во тегла, а за овој рецепт можете да искористите и гравче што претходно сте го свариле.

Потребни состојки:

  • 500g грав од тегла;
  • 4-5 чешниња лук (или повеќе);
  • 200g шери домати;
  • Малку масло или путер;
  • Суво нане;
  • Сол, бибер, мешавина сув зачин.

Начин на подготовка:

  • Ситно исечканото лукче се пропржува во подлабоко тавче на малку масло;
  • Се додаваат измиени шери домати, се посолуваат и се пржат додека да омекнат;
  • Во тавата се додава гравчето од тегла и се зачинува со суво нане, сол, бибер и суви зачини;
  • Гравчето се остава да се вари уште 5 минути и може да се сервира.

Видео упатство: