Рецепт за најлесниот и најбрз чоколаден колач – ќе сакате да го пробате веднаш

април 4, 2023

Подготовката на колачот е толку едноставна што ќе ја направи и некој што првпат влегува во кујна, а нема да одолеете за парче плус.

Доколку сте од оние кои сакаат лесни и чоколадни десерти, тогаш овој рецепт е идеален за вас

Подготовката е брза и лесна, ќе ви треба само малку повеќе време за печењето, но со сласт ќе дочекате да го пробате првото парче.

Потребни состојки:

За торта:

  • 100g темно чоколадо
  • 80ml топло млеко
  • 150g путер
  • 120g шеќер
  • 3 јајца
  • 120g брашно
  • 30g какао
  • ½ лажичка прашок за печиво

За преливот:

  • 100g темно чоколадо
  • 20g путер

Начин на подготовка:

  • Измешајте го темното чоколадо со топлото млеко додека да се растопи.
  • Во друг сад измешајте ги путерот со шеќерот, додека смесата не стане кремаста, а шеќерот целосно не се стопи.
  • Додадете ги во садот со путерот изматените јајца постепено и мешајте.
  • Просипете го брашното, какаото и прашокот за печиво и продолжете да мешате додека не добиете хомогена смеса.
  • Потоа додадете го стопеното чоколадо во мешавината со путерот.
  • Во калап, на хартија за печење, истурете ја смесата и измазнете ја и ставете на печење на 180 степени Целзиусови, 60 минути.
  • Во друг сад стопете го другото чоколадо со путерот за да го подготвите преливот кога печењето ќе биде при крај.
  • Истурете преливот го врз испечениот колач рамномерно.

Видео постапка:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ