Рецепт за најлесниот домашен ролат од кој тече чоколадо

февруари 3, 2023

Наместо да купувате готови, секогаш е повкусно кога ќе си направите домашен, топол ролат од кој тече вкусен чоколаден крем. Со кого посакувате да го пробате овој десерт?

Иако ваквите десерти се лесно достапни и во продавница, сепак понекогаш е подобро сами да зготвиме нешто домашно.

Овојпат пробајте се во кујна со вкусен, домашен ролат од бело тесто со растопен чоколаден крем.

Звучи примамливо, замислете колку е вкусно кога ќе го пробате топло…

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 160g шеќер
  • 160g брашно
  • 120g чоколаден чипс
  • 500g чоколаден крем (по желба со лешници)

Начин на подготовка:

  1. Во сад истурете 5 белки и изматете ги додека не добиете шлаг.
  2. Во друг сад ставете ги 5-те жолчки и шеќерот и изматете додека не добиете хомогена смеса.
  3. Во садот со смесата од жолчки додадете го и брашното и измешајте.
  4. Постепено додавајте од шлагот и мешајте ја смесата до соединување.
  5. На крај додадете го чоколадниот чипс и измешајте.
  6. Истурете ја смесата во плех врз хартија за печење и печете 10 минути на 180С.
  7. На испеченото тесто истурете го чоколадниот крем, размачкајте насекаде и завиткајте како ролат. Оставете да отстои 60 минути.
  8. Исечете парчиња и сервирајте со додатоци по желба.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ