Рецепт за мусака на „Балкан Твист“

јуни 5, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

 

Потребни состојки:

– мешано мелено месо
– компир 🥔
– пиперка 🫑
– кромид 🧅
– лук 🧄
– бејби спанаќ
– доматен сос 🥫
– кашкавал 🧀
– павлака
– зачини: сол, црн пипер, вегета, црвен пипер, оригано 🧂

Начин на подготовка:

🔪 Компирот насечете го на најтенки кругови што можете и размешајте во длабок сад со масло, сол, црвен пипер, вегета и оригано.
🧀 Потоа, во плех со хартија за печење и попрскан со малку масло, ставете рендан кашкавал, па наредете ги круговите компир така што ќе се преклопуваат еден врз друг, па пак ставете рендан кашкавал и ставете да се пече на 250 степени половина час.
🥘 Во меѓувреме, на загреано масло во тава, запржете малку кромид и лук, а потоа додајте го спанаќот и пржете уште малку. Кога ќе биде готово, тргнете настрана, додајте павлака 2-3 лажици и размешајте.
🥘 Во истата тава, сега, ставете ги кромидот, лукот и пиперката и пржете неколку минутки. Потоа, додадете го меленото месо и зачините и пржете додека не биде готово. На крај, додадете го доматниот сос и оставете да се крчка уште неколку минути.
🥣 Откако ќе се потпече компирот, извадете од рерната, премачкајте прво со филот од спанаќ и павлака, потоа со меленото месо и мотајте во ролат.
🕚 Потоа, вратете во фурна да се потпече уште 10тина минути.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ