Рецепт за крцкави, похувани тиквици во рерна – брзи за правење и лесни за јадење

март 28, 2023

Кога ќе помислиме на похувани тиквички обично мислиме на храна што е полна со мрснотија, но и на нечист шпорет испрскан со масло од пржење. Дополнително, вообичаеното похување тиквички значи и стоење до шпорет по еден час, час и половина.

Ви нудиме еден рецепт за приготвување вкусни, крцкави, тиквички, што не впиваат многу мрснотија, нема да треба да „остарите“ над шпоретот и по приготвувањето нема да се соочите со хаос.

Потребни состојки:

  • 2 тиквички со средна големина
  • 4 јајца
  • 150g рендан пармезан
  • 5 лажици сусам
  • 5 лажици презла
  • 3 лажици брашно
  • Сол
  • Масло за јадење (околу 2 лажици за еден плех тиквички)

Начин на подготовка:

  • Тиквичките треба убаво да се измијат и ги сечеме на кругови. Ги насолуваме и ги оставаме да пуштат вода и ги процедуваме уште еднаш.
  • Во друг сад го мешаме брашното, презлата, пармезанот и сусамот.
  • Посебно ги матиме јајцата и ги посолуваме. Овие тиквички се подготвуваат со два слоја, а тоа значи дека секоја тиквичка ја потопуваме во масло, во мешавина од брашно и пармезан, па пак во јајца и пак во мешавината од брашно и пармезан.
  • Тиквичките се редат на плех обложен со хартија за печење. Дополнително на секоја тиквичка нанесуваме по малку масло.
  • Ги печеме во рерна загреана на темепратура од 200 степени околу 20 до 25 минути, или додека не добијат убава златно-жолта боја.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ