Рецепт за домашен криспи чикен бургер – рецепт на „Балкан Твист“

мај 30, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

 

Потребни состојки:

– пилешки батак или стек 🐔
– компир 🥔
– кисели краставички

За салата:
– зелка 🥬
– морков 🥕
– павлака
– сок од лимон 🍋
– масло
– зачини: сол, вегета, оригано, лук во прав и црн пипер 🧂
– пченкарно брашно 🍚

За сос:
– кечап
– мајонез
– сенф

За маринада:
– млеко 🥛
– чили сос
– сол, црн пипер, црвен пипер, оригано, лук во прав 🧂

Начин на подготовка:
🥣 Маринада: Во длабок сад се става млекото со зачините и се додава пилешкото. Се покрива со фолија и се остава во фрижидер да отстои.
🥗 Салата: зелката и морковот се рендаат, се додава павлака, сокот од лимон, маслото и зачините и се размешува.
🫕 Сос: кечапот, мајонезот и сенфот заедно се размешуваат.
🥔 Компирот се сече на најситно можно и се пржи во врело масло.
🐔 Пилешкото од маринадата се увалува во пченкарно брашно помешано со зачините и се пржи во врело масло.
🍔 Бургерот се премачкува најпрво со сосот, па се става салата, криспи чикенот, кисели краставички и на крај помфрит.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ