Состојки
- 150 гр грахам брашно
- 250 гр бело брашно
- 1 лажиче прашок за печењ
- 1 ќесиче ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 1 ќесиче цимет
- 3 јајца
- 125 гр маргарин
- 50-60 мл млеко
- 80 гр чоколадо за цртање одозгора
Подготовка:
- Измешајте ги сувите состојки и потоа истријте го маргаринот низ раце со нив.
- Додадете ги јајцата и почнете со месење, при што постепено на крај ќе го додавате млекото.
- Од тестото правете мали топчиња колку орев и печете ги во загреан тостер.
- Печените тостерки потоа исшарајте ги со стопено чоколадо.