strumica denes logo

Рецепт за бургер со филети ослич – рецепт на „Балкан Твист“

Автор:

Датум:

септември 27, 2023

Автор:

Датум:

септември 27, 2023

Потребни состојки:

– филети ослич 🐟
– бургер лепче 🍔
– кромид 🧅
– кисели краставички 🥒
– мајонез
– корн флекс
– сок од лимон 🍋
– јајце 🥚
– кашкавал 🧀
– брашно 🍚
– пченкарно брашно 🍚
– пиво 🍺
– зачини: сол, црн пипер, копар, црвен пипер, лук во прав 🧂

Начин на подготовка:

За намаз:

🥣 Во сад ставете неколку лажички мајонез и додадете ситно сецкан црвен кромид, сецкани кисели краставички, сок од лимон, сол, црн пипер и копар. Промешајте и намазот е готов.

🍚 Во сад ставете брашно и пченкарно брашно во однос 3:1, додадете сол, црн пипер црвен пипер, лук во прав и постепено мешајќи додавајте пиво додека не добиете течна смеса во која ќе ги потопете филетите ослич. Потоа од течната смеса ставете ги во мелен корн флекс. Откако убаво ќе се залепат од двете страни испржете ги во врел зејтин убаво од двете страни.

🍔 Бургер лепчето премачкајте го од внатрешната страна со малку путер и ставете го на тостер. Потоа, премачкајте го со намазот, ставете кругови варено јајце, парче кашкавал, па ставете ја похованата филета ослич, врз неа додадете од намазот, преклопете со другата половина лепче и уживајте.

Видео: