Рецепт на „Балкан Твист“ за вкусни пирошки

мај 18, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

Потребни состојки:

За палачинки една доза (15броја):
– 3 јајца 🥚
– 400 мл млеко 🥛
– 100 мл вода 🍶
– 250 гр брашно 🍚
– 2 лажички шеќер
– 1 лажичка сол 🧂
– 3 лажици масло

За фил:
– шунка
– кашкавал 🧀
– кисели краставички 🥒
– маслинки 🫒
– мајонез
– оригано, црн пипер 🧂

За увалување:
– јајца 🥚
– млеко 🥛
– презла

Начин на подготовка:

Палачинки:
🥣 Трите јајца ги матиме со миксер. Потоа ги додаваме сите суви состојки, па млекото, водата и маслото и матиме со најмала брза да се соединат.
Ги пржиме на загреана тава за палачинки подмачкана со малку масло.

Фил:
🔪 Шунката, киселите краставички и маслинките ги сечкаме на ситни коцки, а кашкавалот го рендаме.
🥣 Потоа во подлабок сад ги ставаме сите состојки, додаваме мајонез, оригано и црн пипер и мешаме со лажица.

Филување:

На секоја палачинка ставаме по две лажици од филот, ја затвараме странично и мотаме.
Потоа, секоја палачинка прво ја потопуваме во разматени јајца со малку млеко и сол, а потоа и во презла.
Ги пржиме на врел зејтин по 1 минута од двете страни.

 

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ