strumica denes logo

РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Тортиљи со пилешки ќебапчиња и сланина

Автор:

Датум:

јули 10, 2023

Автор:

Датум:

јули 10, 2023

Потребни состојки:

– тортиљи 🫔
– пилешки стек 🐔
– сланина 🥓
– презла
– јајце 🥚
– зачини: сол, црн пипер, вегета, чили, оригано 🧂
– домат 🍅
– кромид 🧅

За сос:

– павлака
– краставица 🥒
– лук 🧄
– лимон 🍋
– сол, црн пипер 🧄

Начин на подготовка:

Сос:
🥣 Во длабок сад изрендајте ја краставицата, исцедете ја убаво течноста, изрендајте го и лукот, додадете павлака, зачини, исцедете пола лимон и размешајте.

Пилешки ќебапи:
🐔 Стекот сецкате го со нож додека не стане ситен како мелено месо или доколку имате може да користите машинка за мелење месо или блендер.
🥣 За да формирате кебапчиња, во иситнетото месо додадете презла, јајце и зачини и мешајте. Треба да добиете смеса соодветна за формирање ќебапи.
🥓 Формираните ќебапчиња замотајте ги во сланина и печете ги на скара или во шпорет.

Тортиљи:
🌯 Тортиљите прво премачкајте ги со сосот, наредете ги пилешките ќебапчиња, додадете домат и кромид населени на кромид, замотајте и уживајте.