strumica denes logo

РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Рецепт за превкусни палачинки

Автор:

Датум:

јули 12, 2023

Автор:

Датум:

јули 12, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

Потребни состојки за една доза ( 13-15 палачинки):

– 3 јајца 🥚
– 400мл млеко 🥛
– 100мл вода 🍶
– 250 гр брашно 🍚
– 3 лажици масло
– 2 лажици шеќер
– малку сол 🧂

Начин на подготовка:

🥣 Во длабок сад со миксер најпрво изматете ги јајцата, потоа додадете ги една по една сите останати состојки и матете со миксер со помала брзина додека се соединат.
Тавата за палачинки, премачкајте ја со салфетка со масло и откако ќе се загрее испечете ги палачинките вртејќи ги од двете страни.

🥞 За намаз, ние одбравме еурокрем, плазма и банана, а вие можете со што сакате: слатко, мармалад, чоколаден прелив, мед итн.
Палачинките може да ги правите и солени, или истите да ги употребите за подготовка на пирошки.

 

Видео: