РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Ослич во фурна

јуни 12, 2023

Потребни состојки:

– риба ослич 🐟
– пченкарно брашно 🍚
– зачини: вегета, сол, црн пипер, црвен пипер 🧂
– млад компир 🥔
– кромид 🧅
– магдонос
– масло
– оцет

Начин на подготовка:

🐟 Парчињата ослич се чистат убаво и се сушат со хартија.
🥣 Во сад се мешаат пченкарното брашно со зачините и во нив се увалуваат убаво парчињата риба.
🕚 Во плех со хартија за печење, попрскана со масло се редат парчињата и се попрскуваат и од горната страна. Се печат на 250 степени половина час. На средина од печењето се превртуваат за да се бидат крцкави од двете страни.

🥔 Младиот компир се вари во вода со сол а, потоа се лупи.
🧅 Се додава сецкан кромид, магданос, масло, оцет, сол и црн пипер.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ