РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Мусака со похован модар патлиџан

јули 24, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

 

Потребни состојки:

– модар патлиџан 🍆
– домати 🍅
– лук 🧄
– босилек
– презла
– јајца 🥚
– сол, црн пипер, оригано, чили 🧂
– сирење
– кашкавал 🧀

Начин на подготовка:

🍆 Модриот домат насечете го на кругови, посолете и оставете да отстои малку да ја извади водата, а потоа со салфета соберете ја течноста што ја испуштил.
🍅 Во загреано масло ставете да се пропржи лукот со малку чили, а потоа додадете ги насечените домати и оставете да се крчка. Пред крај додадете го свежиот босилек и оставете да се соединат состојките.
🥚 Во длабока чинија изматете со виљушка две јајца, а во друга ставете лебни трошки со оригано и сол.
🥣 Круговите модар патлиџан потопете ги прво во јајце, а потоа убаво и во презлата и пржете во мрежи масло од двете страни.
🥘 Во сад за печење ставете прво од сосот од домати, потоа наредете похован патлиџан, па врз него повторно сос, па рендано сирење и се така додека не ги потрошите. На крај изрендајте кашкавал, покријте со фолија и печете околу 30 мин на 220 степени.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ