РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Ќебапчиња со крцкав чипс и намаз од модар патлиџан

август 27, 2023

Потребни состојки:

– ќебапчиња ( во нашиот случај ние користевме готови, а може и сами да си ги подготовките дома?
– компир 🥔
– модар патлиџан 🍆
– лук 🧄
– павлака
– зачини: сол, црн пипер и вегета 🧂

Начин на подготовка:

🍆 Модриот патлиџан со вилушка издупчете го, а на главицата лук сечете и го врвот, ставете масло врз чешнињата, замотајте го во алуминиумска фолија и заедно со модриот патлиџан ставете ги во фурна да се печат.
🥔 Во меѓувреме, во сад со ладна вода и лед, на ренде насечете го компирот на тенки кругови и оставете да постои околу 10 минути, потоа процедете, соберете го вишокот вода со хартија и пржете во загреано масло. Откако ќе се испржи промешајте го со малку вегета.
🥘 Во грил тава, испечете ги ќебапчињата кои ги купивте готови или подготвивте сами.
🥣 Откако ќе се испечат лукот и модриот патлиџан, излупете ги, ставете во длабок сад, додадете павлака, сол и црн пипер и промешајте и вашиот намаз е готов за сервирање со ќебапчињата и крцкавиот чипс.

 

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ