РЕСТРИКЦИИ НА „КОМУНАЛЕЦ“, БЕЗ ВОДА ЌЕ ОСТАНАТ ДАБИЉЕ, ДОБРЕЈЦИ, ГРАДСКО БАЛДОВЦИ И ПРОСЕНИКОВО!

јули 28, 2022

Поради зголемувањето на потрошувачката на вода денес од 15 часот до утре до 08 часот без вода ке останат Дабиље, Добрејци, Градско Балдовци и Просениково.

Оваа се прави со цел за стабилизирање на водоснабдувањето и непрекинато водоснабдување во цела Општина за време на викендот и престојниот празник. Апелираме до сите граѓани водата да ја трошат разумно и исклучиво за потребите на домаќинствата со што ќе се избегнат понатамошни рестрикции поради недостаток на вода.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ