РЕАКЦИЈА НА ЗДРАВА КОТЛИНА: Струмичките фраери свикнале навика после љубовните игри да ги расфрлаат наоколу своите љубовни реквизити!

ноември 8, 2022

ЗАГАДЕНИ МЕСТА ВО ОКОЛИНАТА НА ГРАДОТ

Драги сограѓани, во последно време до нас пристигнуваат фотографии и видеа од разумни и загрижени жители, на кои ни’ прикажуваат места во нашата прекрасна природа, кои се загадени и изгнасени со разноразен тврд отпад од несовесни жители со, очигледно, низок степен на еколошка култура.

Првото место што го објавуваме се наоѓа на неколку стотина метри од викендиците над градот по патот кога се оди кон Цареви Кули, или попознато како „Лозињата“.

Имено, на левата страна од патот, струмичките фраери свикнале навика да се повозат со автомобилите, и очигледно после љубовните игри, си створиле навика да ги расфрлаат наоколу своите љубовни реквизити. Баш фраерски, нема што!

Е сега, бидејќи опцијата демнење на фраерите и адекватно казнување на лице место, не доаѓа предвид, си помисливме дека можеби не би било лошо:

– ЈПКД “Комуналец” Струмица да прати своја екипа на теренот и по службена должност да го расчисти теренот, но и
– да остави еден контејнер за тврд отпад на самата локација, за да може стррумичките фраери, освен на друго место, слободно да даваат кош и во контејнерот за отпадоци.

П.С. Свечено се обврзуваме дека доколку местото биде исчистено, ќе го посетиме, ќе направиме фотографии и ќе ги објавиме.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ