ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ДОГРАДБАТА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „КЛОН 2“ ВО СТРУМИЦА!

февруари 8, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Работа и само работа!
Резултатот е видлив!

Денеска Струмица и струмичани се среќни затоа што во употреба ја пуштивме доградбата на детската градинка Клон 2, а Министерството за труд и социјална политика издвои 13 милиони денари за овој преубав објект.

Го проширивме капацитетот за речиси 60 проценти, односно од претходниот капацитет за 100 дечиња, од денеска имаме капацитет за 157 дечиња, што навистина е убава работа којашто ни се случува во Струмица.

Од срце за дечињата на Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ