ПРВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО – АРГЕНТИНА ПОРАЗЕНА ОД САУДИСКА АРАБИЈА!

ноември 22, 2022

Саудиска Арабија приреди сензација на стартот од Светското првенство и ја победи Аргентина (1-2) во првото коло од групата Ц. Аутсајдерот беше во негатива, но успеа да запише големи три бода со два гола во вториот дел од мечот.

Аргентинците имаа целосна контрола врз мечот во првиот дел. Еден сомнителен момент при прекин донесе пенал за „гаучосите“. Лионел Меси го отвори Мундијалот со погодок од белата точка и донесе предност за својата репрезентација. Следуваа уште неколку добри шанси за јужноамериканскиот тим. Двапати мрежата на противникот ја тресеше Лаутаро Мартинез, но во двата наврати беше во недозволена офсајд позиција. На пауза се замина со минимална предност за аргентинскиот состав.

Шокантен расплет на настаните донесе почетокот на второто полувреме. Салех Ал Шехри го матира Емилијано Мартинез и донесе израмнување за Саудиска Арабија по само три минути во продолжението.

Навивачите на Аргентинец беа во неверица по вториот гол на ривалот, кој пристигна експресно. Салем Ал Давсари одлично се проби и погоди за 1-2 во корист на аутсајдерот на оваа средба.

Аргентинскиот напад не понуди нешто конкретно во завршницата. Фаворитот запиша пораз, а имаше само една шанса за реми, и тоа преку Таљафико, кој биеше по земја. Не помогнаа ниту замените на Лионел Скалони, кој ќе биде под голем притисок во наредните два меча од групната фаза. Полска и Мексико ќе се соочат во вториот меч од оваа група во 17:00 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: