ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПОРОЈОТ „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ СЕ ОДВИВА ОДЛИЧНО – СЛЕДУВА РУШЕЊЕ НА ДВАТА МОСТА!

јули 24, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Првата фаза од реконструкцијата на поројот ,,Крушевска Република” се одвива според планираната динамика и од започнувањето на работите во февруари годинава изведени се 76 проценти, или од предвидените 21 реализирани се 16 ламели.

Следува рушење на двата моста и тоа на улицата,,Вардарска’’ и улицата ,,5-ти Ноември’’.

Согласно проектната документација предвидена е изработка на бетонски жардинерии и поплочување на пешачката зона со терастон плочки и поставување на 50 канделабри за улично осветлување како и делумна реконструкција на сообраќајниците покрај каналот.

Ако реконструкцијата продолжи со истата динамика како и досега, поројот ,,Крушевска Република” во октомври веќе ќе ја има новата функција и изглед.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: