ПРОФЕСОР И КОМАНДАНТ ЖИВКО ИСАК ЗАЕВ – СТРУМИЧАНЕЦОТ КОЈ ЦЕЛ ЖИВОТ РАБОТИ ВО СЛУЖБА НА МАКЕДОНИЈА, ИЗДАВА МОНОГРАФИЈА ЗА БОРО ЏОНИ НАСЛОВЕНА „ЖИВОТ И ДЕЛО НА БОРИС ЏОНОВ 1913-1943“

мај 23, 2021

И на 75 години се уште неговата најголема љубов и пасија е Македонија. Нашиот истакнат сограѓанин пензионер, поранешен проф. по Историја и командант на ТО Заев Исак Живко наскоро ќе ја одржи својата втора промоција, овојпат на монографијата „Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“. Авторот за Струмица Денес изјави дека монографијата е во завршна фаза на печатење.

Заев И. Живко долги години работи како професор по историја во средното училиште „Никола Карев“. Желбата и љубовта кон Македонија ќе го насочат во друга насока од животот – ја добива задачата да биде командант на (ТО) Територијалната Одбрана на град Струмица.

Со трансформацијата на „ТО“, Заев Исак Живко преминува во активниот состав на АРМ каде ќе го дочека и своето пензионирање како полковник. Освен во Македонија, командант Живко И. Заев како воено лице престојува и во касарните во Белград и Сараево.

Инаку, тој е и автор на книгата „Активноста на Општинскиот штаб на територијалната одбрана од Струмица во 1992 година“ која е издадена во 2011 година. Автор е исто така и на текстот на химната на пензионерите и на музеј „Македонска соба“ во рамки на сега веќе поранешната касарна-АРМ.

Во прилог и чествување на патронатот на Борис Џонов и како предвестие во продолжение—кратка содржина од монографијата „Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“.

Борис Џонов ( 1913-1943) Живот и дело

Борис Џонов е роден во Богданци. Потекува од сиромашка фамилија. За време на првата светска војна населението од Богданци е евакуирано. По завршувањето на војната повторно се враќа во родните места. Родителите на Борис, Илија и Марија се преселуваат во Гевгелија и таму завршува основно образование. Уште од мал имал голема желба за учење но неговите родители немаат можност да го школуваат. Во 1926 година католичката црква во Загреб го прифаќа и школува. Меѓутоа Борис како темперементен неможел да ѓи задоволи барањата и редот на црквата. Во 1928 година го напушта црковното школување. Одлучува да се запише редовна гимназија во Загреб. Соученик во гимназијата му бил Владимир Бакарикј. Со цел да ја заврши гимназијата Борис бил принуден сам да се издржува со вонредна физичка работа. Матурира 1932 година. Под многу тешки услови пред се финански во 1933 година се запишува на правниот факултет во Загреб.

Револуционерниот живот на Борис Џонов во Загреб

Соочен со монархофашистичката диктатура во кралството на СХС, која не ја прифаќа како идеолоѓија се вклучува во општественио-политичкиот живот на универзитетот во Загреб под дејство
на КПЈ. Во кралството на СХС нерешени беа следните прашања:

• Национално прашање

• Аграрно прашање

• Неподносливиот живот на работничката класа

Во ваквата консталација за состојбите во кралството на СХС Борис активно се вклучува во борба против монархофашитичката диктатура во тогашна Југославија. Во Загреб заедно со прогресивната
младина и работници членови на КПЈ активно учествува во:

• Штрајкови против нeнародната власт

• Растура летоци против валста во факултетот и надвор од него

Во студентското друштво “Вардар“ се јавува со свои творби и натписи под псевдонимот “Б,Џо,(Џони)”. Борис Џонов вовлекувајќи се во редовите на напредното студентско движење на македонските
студенти зазема учество во неговите борби и акции, стекнува драгоцено искуство во револуционерната борба за национално и социјално ослободубање на македонскиот народ. Борбите и акциите на македонските студенти дојде до израз 1936 година кога за секретар на КПЈ доаѓа Јосип Броз. КПЈ во 1936 година зазеде став за запазување на државната заедничка Југодславија, заради успешна борба против фашизмот како заедница на рамноправни народи во Југославија. Таквите прогресивни ставови македонските студенти, интелектуалци ѓи прифатија. Во Загреб се формира иницијативен “Одбор” за создавање на македонски народен покрет “МАНАПО”.

Во состав на одборот влегуваат:

• Кузман Јосифовски-Питу

• Страшо Пинџур

• Jосиф Јосифовски-Свештарот

• Борис Џонов-Џони

Политичките ставови на МАНАПО беа изразени во документот “Политичка декларација” со Следните ставови:

• Документот да се растури низ Македонија

• МАНАПО да се бори за Македонскиот народ

• Да се води успешна борба против фашизмот

• Национална слобода на македонскиот народ

• Борбата на македонскиот народ да се слее со борбата на jугословенските народи

• Да се смени надворешната политика на Југославија

Овие начела се широко прифатени од широките народни маси во Македонија. На состанокот на МАНАПО на 28 Август 1936 одржан во Охрид присутен е и Борис Џонов. Политичката декларација ја потпишуваат сите студенти од Загреб и Белград. МАНАПО издаваше свој весник “Наш весник”. Иницијатори за издавање на весникот беа Кирил Миљовски, Димитар Мицев, Боро Шукар (уредник). Во наш весник пишуваат и соработуваат: Страшо Пинџур, Коста Солев-Рацин, Борис Џонов.

Идејно политичка дејност на Борис Џонов во Струмица.

Бидејќи активно работеше на правниот факултет во Загреб во 1935 година е примен во СКОЈ. За време на летните ферии Борис се враќаше кај своите родители кои тогаш живееа во Струмица. Тука, во редовите на прогресивните сили на Струмица развива посебна политичка и културнo просветна дејност. Во 1938 година избран е за раководител на културно просветното друштво –“Реља Крилатица”. Ја користи секоја можност да го критикува режимот на стара Југославија. Еден цитат од говорот на Борис Џонов:

“Нашето здружение за дест години од неговото постоење не успеа да собере напредна младина, што значи тоа! Зарем во Струмица не постојат напредни интелектуалци кои ќе се обединат и дадат допринес за проствената дејност. Што велиме ние за младината, или младината не може да биде без идеологија на нашето време—Да се спремиме за подобар живот кој не чека. Треба на младината да и дозволиме слободно да ѓи искажува своите мисли.”

Револуционерна борба на Борис Џонов ( 1941-1943)

Со почетокот на втората светска војна Борис Џонов е на воена вежба во Штип. Македонија пак се нуди на Хитлер и неговите сојузници. Територијалните претензии на престануваат. Од Април 1941 до 9 Септември бугарската фасиштичка влада на чело со Филов пристапува кон оската Рим-БерлинТокио. Со почит кон бугарскиот народ, но бугарската влада го прифаќа фашизмот за остварување на теротеријални претензии кон Македонија и Источна Србија. Единствена сила која води отпор против фашизмот во Бугарија е БРП (к). Како контра на фашизмот во 1942 се формира “отечествен” фронт кој ги оебдинува сите движења против фашизмот во Бугарија. Види: писмо од командантот на 12-ста германска армија до бугарскиот Генерал Штаб за влегување на бугарските единици во Македонија во 1941 година. Под точка 4,5 под а,б,в страна 289 том 2. Македонскиот народ не се помирува со настанатата состојба. Гo прифаЌа повикот на покраинскиот штаб за Mакедонија за вооружена борба. Се формираат првите партизански одреди, прилепски, кумановски и скопски одред. На 11-ти Октомври 1941 година македонскиот народ се крена на востание во борба против фашизмот. Борис Џонов соочен со реалноста се вклучува активно во борбата против фашизмот. Неговата антифашистичка борба како револуционер почнува во родното бместо Богданци и град Струмица. Се вработува како кмет во Богданци. Лично не сакал, немал намера да слугува на бураско фашистичката власт. Но по наредба на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија прифаќа во 1942 година. Со неговото доаѓање во Богданци партиското раководство се охрабрува, граганите го прифаќаат како свој човек во власта. Од партијата која припаѓа ја добива најтешката задача:

• Формира читалиште од кое ќе излегуваат млади луге за борба против фашизмот

• Обезбедува оружје

• Финансиски страдства за партиската организација

• Логистички активно e вклучен за формирање на партизански одред

Мито Теменугов- Железни за Борис Џонов пишува: “Имав многу средби со него! Седнавме во една соба во куката во која живееше Борис Џонов да разговараме. Мито, јас знам дека ти си еден од тие кој во Богданци организира НО борба, преку тебе но само со тебе сакам и јас како Македонец и комунист за делото од таа функција што ја имам сега да допринесам. Знам дека тебе ти е незгодно да се отвориш према мене, јас ништо не барам кажи со што да го помогнам движењето! Јас ќе ве чувам и работам за вас. Но и вие мене треба да ме чувате. Ме следат и мене. На оваа средба Борис Џонов даде пари за нашето антифашистичко движење.”

Во Јуни 1942 година околииската управа од Гевгелија по налог на фашистичката дирекција од Скопје бара да се достават списоци на лица кои се комунисти. На оваа средба се договоривме дека во Богданци нема комунисти. Борис Џонов во дописот до околиската управа одговара: “појава на комунистичка или било каква против државна дејност нема во мојата општина.”Бугарската фашистичка власт незадоволна од работата на Борис Џонов го менува од функцијата кмет на Богданци. Борис Џонов ја известува партиската организација дека заминува од Богданци преку Мито Теменугов-Железни. Борис Џонов во 1942 година е примен во КПЈ. Својата револуционерна дејност ја продожи во Струмица. Работи во обласниот суд како судија. Во 1942 година е судењето на 15 комунисти. Партиската организација е разбиена. Во вакви услови на партиска организација во Струмица потребана и беше личност оддадена на револуцијата.

Централниот комитет на КПМ ја согледува способноста на Борис Џонов. Докажан комунист со јасна идеолошка и политичка определба, борец против фашизмот. Неговата дејност се состои во
следното:

• Извршување на специфични задачи

• Тој беше врската на членството од партиската организација од Струмица со членовите на ЦК на КПМ.

• Доставува доверливи документи од бугарската полиција до ЦК на КПМ

• Обезбедува оружје и муниција за партизанските одреди во Струмица и Гевгелија

Во 1942 година по директива на ПК на КПЈ за Македонија во Струмица е пратен Димче Хаџимитев, Кузман Јосифовски-Питу го упатува да се поврзе со Борис Џонов на кого му вели: “Само Боро може да ја заврши задачата”. Со цел да се прошири партиската организација и во населените места Борис Џонов активно работи во селата: Вељeуса, Дабиле и Босилово. Извештаите на Борис Џонов до ЦК на КПМ спасија многу комунисти од апсења и судења. Во 1943 година состојбата во партијата се менува, членството се зголемува, НОВ во Македонија се развива и во големи размери се формираат крупни регуларни единици, одреди, чети и баталјони. Во Март 1943 година месниот комитет согласно добиената директива од ЦК на КПМ донесува одлука да се формира народно ослободителен одбор како орган на власта во градот Струмица. Во тој народно ослободителен одбор влегува и Борис Џонов како секретар, претседател Стојан Ќосев и член Ристо Гавровски свештник од село Босилово.Изборот се врши во куката на Борис Џонов. Во неговата кука се одржуваат илегални состаноци. Треба да се истакне следното: за безбодно одржување на состаноците постојано била вклучена и Раџилка Џонова-сопруга. Борис Џонов работи на терен и ги посетува селата Радово и Босилово со цел да формира народно ослободителни одбори како први органи на народната власт. Борис Џонов прави обид да формира и нардоно ослободителен одбор и во селото Вељуса. Првиот народно ослободителен одбор во Струмица делува и работи до 12ти Мај 1943 година. На 13ти Мај во екот на подготовките за формирање на партизански одред во Струмица. Бугарско фашистичката полиција врши масовни апсења. Мегу уапсените 22 лица е и Борис Џонов. Предаден од слугите на бугарско фашистичкиот окупатор познати на Струмичката јавност. Истите беа конечно осудени за нивните зло дела по завршувањето на војната. Во затворот лично тепан од околискиот началник на Бугарската полиција кој и самиот вели: “многу го тепав, со гума со дрво со цел да го признае следното”:

• Каде е магазинот за оружје?

• Каде е радио станицата ?

• Каде е машината за печатење летоци

• Каде имате формирано народно ослободителни одбори?

• Колку оружје и муниција имаш обезбедено ?

• Колку пари имаш дадено на комунистите?

• Кои се твоите соработници по име и презиме?

Борис Џонов се брани со молчење. Во затворот не признава ништо. Измачуван до несвест и со скршен р’бет Борис Џонов го фрлаат во една од варниците на патот Струмица-Валандово. Со цел Бугарската полиција да го прекрие своето sверско измачување и убиство иницира дека тој наводно избегал! Се распишува потерница. На суденњето кое се одржува на 23-24 Јуни 1943 година на Борис Џонов му е судено и бива осуден на смрт, (каква иронија), на смрт осуден веќе убиениот револуционер и борец за создавање Македонска држава. На 25-ти Мај на денот по убивањето на Борис Џонов го интернираат и неговото семество. Неговиот татко Илија мајка му Марија и неговата сестра Јордана истите се интернирани во Ореховската околија во соседна Бугарија, ги разделуваат секој во посебно село. По три месечна интернација се вратени во Горна Џумаја денешен Благоевград каде останале до 9-ти Септември 1944 година. Ѕверското мачење не го скршило духот на Борис Џонов. Во Македонската народна револуционерна песна среќаваме пример на човек борец револуционер крајно оддаден за слобода на македонскиот народ:

“Во градот Струмица тој беше фатен

Фашисти во затвор го фрлија

Крвници клети молчешкум го мачат

На маки ѕверски го стават

Ниту да офне ниту да трепне

Од уста ни глас не пушти

Нем се претвори тој Боро Џони

Тврд ко камен ништо не збори

Младост прежали, без страв загина

За нашата земја Македонија.”

Отпорот што го дава Борис Џонов ѓи вчудоневидува и неговите мачители. “Тој е нескршлив”.

Заклучок: Борис Џонов по своето убедување е комунист, оргочен непријател на фашизмот, македонски револуционер и национален деец. За слободата на својот народ го даде и својот живот. Тој во таа борба не ја дочека слободата на својот народ но победи неговото револуционерно дело. Борис Џонов својот живот и борбен пат го споделува со видните македонски борци во борбата против фашизмот за создавање слободна држава Макеоднија. Својата животна судбина реболуционерен пат го споделува:

• Кузман Јосифовски-Питу

• Благој јанков Мучето

• Страшо Пиџур

• Мирче Ацев

• Герас Цунев

• Сандо Масев•

Јосиф Јосифовски Свештарот

Борис Џонов не ја дечека слободата, не го дочека ни своето прво чедо, синот на Борис Џонов е професор Др. Илија Џонов, се сеќава на зборовите на неговата мајка Раџилка: “Илија синко татко ти
жив изгоре за Македонија!” Денес името на Борис Џонов го носи неговиот внук Др. Боро Џонов.

Спомен обележја за ликот и делата на Борис Џонов.

Покрај бистите со ликот на Боро Џони во Богданци и Струмица постојат и спомен плочи за сеќавање на негвото дело. Во Струмица две установи го носат неговото име-Основно Музичко Училиште Боро Џони, центар за обука на Територијалната Одбрана ТО-Боро Џони. Во организациско формациската структура на ТО постоеше ЦО Боро Џони. Во ЦО се изведуваа следните облици на обука:

• Обука на војници и старешините

• Групни занимања

• Штабни вежби

• Здружени тактички вежби

• Севкупните подготовки на единиците и командите на ТО за преземање на границата кон соседна Бугарија и Грција од срана на препадниците од ТО во 1991/92 година.

Денес ЦО Боро Џони е објект од песебно значење при Министерство за Одбрана.

Литература:

-Историја на македонскиот народ книга трета

-Институт за национална Историја 1969

-Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и создавање на национална држава том втори страна 289, Скопје 1981

-Струмица и Струмичко во НОВ 1943-1945

-Научен собир 1983

-Мито Теменугов-Железни Прилог на Богданци во НОВ и антифашистичка борба, Богданци 1997

-Активноста на општинскиот штаб на Територијалната Одбрана од Струмица 1992 година, Живко Исак Заев

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: