Денеска продолжи замената на старите со нови корпи за отпадоци со пепелници на плоштадот и булеварите, односно, на сите локации каде што досега имаше корпи за отпадоци. Ќе бидат поставени вкупно 120 нови корпи кои се многу попрактични за користење. Истовремено, општина Струмица апелира до граѓаните правилно да се користи и да се чува урбаната опрема.