ПРО КРЕДИТ БАНКА ДОНИРАШЕ 40 КАНТИ ЗА СОБИРАЊЕ ПЛАСТИЧЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА БОСИЛОВО!

октомври 29, 2022

Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:

Општина Босилово и Про Кредит банка во заедничка акција за почиста животна средина. Како резултат на успешната соработка Про Кредит банка донираше 40 канти за собирање на пластичен отпад.
Кантите ќе бидат поделени пред јавни и деловни објекти во Босилово и на јавни места во Босилово, а пластиката ќе се подига секој втор петок.

Сите граѓани од Босилово кои сакаат да се вклучат во акцијата и кои ќе селектираат пластика, може да се јават во комуналното претпријатие и ќе бидат вклучени во подигањето на отпадот. На почеток граѓаните отпадот ќе го селектираат во сопствени садови или врејќи, а во текот на наредната година ќе добијат посебни канти.

Поради ограничени ресурси, засега оваа акција ќе се реализира само во Босилово, а во иднина според можностите ќе ја прошируваме и во другите населени места.

Покрај тоа, денес за учениците од ООУ “Гоце Делчев” – Босилово беше организирано едукативно предавање. Децата ја поддржаа акцијата со тоа што депонираа пластичен отпад во училиштето, а за возврат добија скромни подароци.

Иако во тешки услови, со големи финансиски проблеми во комуналното претпријатие, се трудиме чекор по чекор да се движиме во вистинска насока.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ