ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ, ВО НИВНОТО „БМВ“ БИЛА ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА!

март 20, 2021

Во место викано „Тумба” во Струмица, вчера во 18.30 часот полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(31) и П.Г.(28), двајцата од Струмица, кај кои при личен претрес и преглед во возилото „бмв”, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: