ПРИВЕДЕН РАЗБОЈНИК ОД СТРУМИЦА КОЈ СО ЗАКАНА ОДЗЕЛ ПАРИ ОД ТОБАКО

април 23, 2023

Денеска (23.04.2023) во 02.50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М. (44) од Струмица, кој околу 01.50 часот во продавница (тобако) во Струмица со закана одзел пари од дневниот промет од вработената. Кај Т.М. биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ