ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НЕЗАВИСНИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ МИЛЕ МИЛЕСКИ ЗА СИНОЌЕШНАТА СЛУЧКА ВО СТРУМИЦА: ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ КАКО АЛАТКА ЗА ВАЛКАНИ ПОЛИТИЧКИ ИГРИ!

јуни 8, 2020

Миле Милески, Претседател на НСП Струмица:

Синоќа од страна на еден портал беше објавено дека потпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски бил запрен на пункт на излез од Струмица ,немал дозвола за движење во полициски час и истиот им се заканувал.

Разговарано е со колегите кои беа на местото на настанот по што истите ја негираат објавата на порталот и за уредноста имат изготвено службен материјал.

Ние како синдикат бараме полициските службеници да не се злоупотребуваат како алатка за валкани политички игри.

Независниот полициски синдикат упатува порака до сите медиуми да ги проверуват веродостојноста на информациите што ги објавуваат во врска со полицијата бидејќи со тоа го нарушуваат нашето достоинство.

Со почит ,

Претседател на НСП Струмица

Миле Милески

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ