Премиерот Димитар Ковачевски го посети студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Според објавеното видео, Ковачевски ручаше гравче и риба со стидентите.
„Студентите се иднината на оваа држава! Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард!“, вели Ковачевски.