Пратеникот во Собранието Дајанчо Ефтимов го посети подрачното основно училиште во Ангелци општина Василево и додели пакетчиња на најмалите!

декември 31, 2021

Вчера Пратеникот во собранието Дајанчо Ефтимов го посети подрачното основно училиште во Ангелци Општина Василево. Посетата имаше предновогодишен карактер и учениците добија пакетчиња.

На својата страница Дајанчо Ефтимов напиша:

,, Има ли поубаво чувство од радоста што грее во училишен клас пред Нова Година и Божиќ.

Да се биде макар на кратко гостин во сопствената училница, среде нови генерации ученици со детски, скромни очекувања но, со силна вера во светлината на иднината.

Нашата главна задача е да им го обезбедиме тоа!

Денеска во два наврати ги посетив учениците од Општинското сновното подрачно училиште во Ангелци – Општина Василево.

Од одговорните во училиштето се информирав дека оваа година се запишале 37 ученици, но дека идната година се очекуват повеќе.
Тоа со сигурност значи дека овде Новата 2022 Година ќе биде по весела и порадосна!”

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ