ПОЗНАТИОТ МЕДИУМ RUSSIA TODAY СООПШТУВА: УКРАИНА СЕ СОГЛАСИ НА ПРЕГОВОРИ СО РУСИЈА ВО БЕЛОРУСИЈА?

февруари 27, 2022

Соопштението доаѓа само неколку минути откако истече рокот што претходно го постави руската делегација за почеток на преговори со Украина.

Делегацијата на Украина оди во Белорусија на преговори со Русија, изјавија помошникот на претседателот Путин и шефот на руската делегација Владимир Медински, а пренесоа „Спутник“ и познатиот медиум „RUSSIA TODAY“.

-Веќе имавме намера да заминеме, но добивме информација од украинска страна за потврда на преговорите“, прецизира Медински.

Според последните информации преговорите нема да бидат во Гомел туку на украинско белоруската граница.

Александар Лукашенко попладнево телефонски разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

-Политичарите се договориле украинската делегација да се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат.

Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да се погрижи сите авиони, хеликоптери и ракети стационирани на територијата на Белорусија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ