ПОЖАРНИКАРИТЕ, ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ПОЖАРНИКАРСТВО!

мај 21, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🚒 Споделувајќи ги капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица Струмица со граѓаните, а посебно со децата, денеска во градскиот парк го одбележавме 20 Мај, Денот на македонското пожарникарство.

Овој ден е посветен на храбрите луѓе кои секојдневно се изложени на потенцијален ризик, исправени пред огнот како најголем непријател и пред товарот на одговорност за спас на човечки животи, домови, шуми, но и во справувањето со разни елементарни непогоди или со последици од сообраќајни несреќи.

Ви благодарам што постоите. Вие сте хероите на градот и општината, Вие сте наша гордост и гаранција за нашиот безбеден живот. Продолжете во таа насока за наше добро, за доброто на секој од нас поединечно, но и за доброто на целата наша општина.

Нека ви е честит и вековит 20 Мај – Денот на пожарникарите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ