ПОТСЕТУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВАЧИЊАТА: ВО ТЕК Е ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД 2.000 ДЕНАРИ!

јули 25, 2022

ПОТСЕТУВАЊЕ ❗️❗️❗️

Почитувани родители на прваче за прв пат запишано во учебната 2022/23 година со постојано живеалиште на подрачјето на општина Струмица, ве потсетуваме дека во тек е пријавувањето за доделување еднократна парична помош од 2.000 денари.

За остварување на ова право се поднесува БАРАЊЕ до Градоначалникот на општина Струмица, во периодот до 30.09.2022 година, со него се приложуваат и следните документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение за прв пат во учебната 2022/2023 година, заверена од основното училиште од територијата на општина Струмица
2. Копија од лични карти од родителите/старателите на првачето
3. Копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите
4. Изјава за давање согласност за користење на лични податоци
5. Изјава за постојана адреса на живеење на територија на општина Струмица

Потребната документација да се достави до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при општина Струмица секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ