Погледнете почнува зимското сметање на времето годинава?

октомври 22, 2021

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Годинава стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад во три часот наутро во недела, 31 октомври.

Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ