ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА!

јануари 13, 2020

Конечно снежни врнежи. Но, снегот се задржува само на повисоките места и на планините. Кон ски центарот Попова Шапка врнежите се поинтензивни. Најсреќни се најмладите, а им се отвори работа на возачите, затоа што без зимска опрема, тешко се вози.

Нова снежна покривка од над 17 сантиметри добија и Маврово и Крушево.

Но, во градовите врнежите се од слаб снег и дожд. Од УХМР велат дека влажното време завршува со крајот на викендов. Веќе од утре не очекува разведрување и стабилно време, но без ветер што ќе придонесе за позагаден воздух.

„Преку ден ќе имаме повеќе сонце, меѓутоа потопло ќе биде на повисоките места, а во котлините поради појавата на магла којашто ќе ја имаме во претпладневните часови ќе се задржи постудено време. Така дневните температури во наредниот период ќе се движат во интервал од 4 до 12 степени. Стабилно време ќе имаме до крајот на следнава работна недела, со сосема слаби струења, што од друга страна ќе придонесе за зголемување на загаденоста на воздухот во нашата земја“-изјави Ленче Ризова – дежурен синоптичар во УХМР.

До крајот на зимата времето е тешко предвидливо, но барем во следните десеттина дена од Управата не очекуваат нови врнежи.

„Овие денови до 20-ти ќе бидеме под стабилна воздушна маса. Тогаш има некои врнежи, но според сегашните материјали ќе биде нешто слично на сегашната состојба – на пониските места врнежите ќе бидат од дожд, а на повисоките од снег и на планините секако“-изјави Ленче Ризова – дежурен синоптичар во УХМР.

Од „Македонија пат“ информираат дека има поинтензивни врнежи на планинските превои во западниот дел, но нема никакви ограничувања или забрани. Потсетуваат на обврската за носиње зимска опрема во возилата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ