strumica denes logo

ПОЧИНА ГОСПОДИНОТ ЖИВКО ПАНДЕВ, ПОЧИТУВАНИОТ ОСНОВАЧ И СОПСТВЕНИК НА „ЖИКОЛ“

Автор:

Датум:

март 1, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

март 1, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

„Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол“, г-от Живко Пандев. Долгогодишен успешен градежник, голем филантроп, сакан сопруг, татко, дедо и пријател за пример. Преку неговите дела, преку неговата беспрекорна работа низ децениите и преку хуманата и добра мисија на која безусловно ѝ беше посветен, ќе живее вечно. Луѓе со таква човечка големина остануваат во вечноста. Горди сме на традицијата која ја создаде и чест ни е што сме дел од неговото големо семејство. Нека му е светол патот и нека почива во мир. Телото ќе биде изложено утре (среда) во Капелата во Струмица во 11ч. а погребот е од 13ч. – објави неговата ќерка Елена Пандева на фејсбук.

Струмица изгуби голем човек. Нека му е вечна славата…