ПО ПРЕТХОДНО УТВРДЕНО СЦЕНАРИО, ОРГАНИЗИРАНА ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР ВО ООУ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ – МОНОСПИТОВО

март 23, 2019

ООЦК Струмица заедно со ТППЕ , ЦУК и ДЗС изведе вежба за евакуација на ООУ”Борис Трајковски” с. Моноспитово. Во вежбата беа вклучени 170 ученици и 30 вработени во училиштето. По претходно утврдено сценарио беше организирана вежба за спасување во случај на пожар. ДЗС и ЦУК ги обучија вработените за постапувањето во таква катастрофа. ТППЕ ги обучи вработените за користење на апаратите за гаснење пожари, извршија евакуација на еден од учениците со поврдена изгореница на горен екстремит ет.Уште еден ученик имаше повреда изгореница на горен екстремитет. И на двата ученика екипата која е обучена за Прва помош им пружи помош. Наша основна цел е и ќе остане подигање на свеста на населението за важноста на сите чинители кои се грижат за безбедноста на општеството и фактот дека секој треба да знае прва помош. Нашето мото е сеуште исто ИДНИНАТА ИМ ПРИПАЃА НА ПОДГОТВЕНИТЕ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: