strumica denes logo

„ПИСМО ДУ ТРАЈАН“ : СТРУМИЧКИОТ ГОВОР ОБРАБОТЕН ОД ПОКОЈНИОТ СТРУМИЧАНЕЦ НАСКО ЏОРЛЕВ

Автор:

Датум:

октомври 14, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 14, 2018

Категории:

Струмица

„Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Кажи, кажи облаче ле бело“, „Фато мори душманке“, „Дедо мили златни“, „Земи оган запали ме“… и уште стотици песни, синглови, ЛП-плочи и ЦД-а се дел од творештвото во новосоздадената музика она што останува зад нашиот струмичанец Наско Џорлев. Но денес ве потсетуваме на нешто сосема поразлично! Станува збор за струмичкиот говор обработен токму од Џорлев под наслов „Писмо ду Парашка“.

Наско Џорлев својот животен пат го започналво 1932 година во Струмица. Како внук на Ристо војвода, другар од Кукуш на Гоце Делчев, тој бил воспитуван и израснат во патриотски дух, што не ретко се изразувал и во неговите песни. Музичкиот талент го води на студии по фолклор во Белград, а по завршувањето се враќа во Струмица, каде што извесно време работи како професор по хармоника и труба.

Со формирањето на својот „Ансамбл на Наско Џорлев“, го напушта професорството и тргнува да живее од естрадниот леб, по патишта и турнеи, исполнети со многубројни настапи и концерти.

Како негово откритие секогаш се претставувале видни пејачки имиња на македонската народна песна, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, но и Уснија Реџепова, а и инструменталистот Ферус Мустафов.

Големиот македонски естраден фолк уметник и творец Наско Џорлев почина во 2006 година, а е погребан во неговата родна Струмица.

Со последното кажување добра ноќ на Наско Џорлев останаа песни, кои неговиот син Зоран Џорлев ги смета како аманет за да бидат изведувани за навака.

Токму тој, денес познат и признат виолинист и актуелен директор на Националната установа Танец, ансамблот за народни игри и песни од Македонија, заедно со сестра си Софче и нејзиниот син, внукот Огнен ја продолжуваат музичката традицијата на семејството Џорлеви!