ПЕТ КОМБИЊА ОД СТРУМИЧКО ВРШЕЛЕ ПРЕВОЗ БЕЗ ДА ИМААТ ЛИЦЕНЦА

декември 6, 2022

На 03.12 и 04.12.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од А.С.(42), П.Ч.(24), Д.А.(35), В.Ј.(23) и Н.Г.(23), сите од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз, информираат од МВР.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ